Албарез во договорот има „Браса клаузула“?

Албарез-во-договорот-има-„Браса-клаузула.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Хулијан Алварез, максимално ја искористи повредата на Кевин Де Брујне. Аргентинецот блеска од почетокот на сезоната во стартниот состав на Пеп Гвардиола.



Аргентинецот покажа исклучителна зрелост и тактичка вештина да покрива повеќе позиции во нападот, па дури и како плејмејкер зад напаѓачот, Ерлинг Халанд.

Каталонскиот „Спорт“, открива дека Алварез има посебна клаузула според која може да го напушти Манчестер сити за само 50 милиони евра доколку добие понуда што му се допаѓа.

Се очекува Барселона да испрати понуда, тврди овој извор. Жоан Лапорта смета дека Алварез може да биде долгорочна замена за Роберт Левандовски, кој има 35 години и има договор до 2025 година.

Иако доаѓа Витор Роке, младиот Бразилец не може да биде единствената „деветка“ на Барса, а патем и Алварез би можел да игра во тандем со него, бидејќи ги покрива сите позиции во нападот.

Не е тајна дека Алварез ја фаворизира Барса поради својот идол Меси, но има и силен договор до 2028 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK