Шпанскиот дефанзивец Серхио Рамос треба да биде следната голема ѕвезда што ќе пристигне во Саудиска Арабија. Тој треба да го засили составот на Ал-Итихад.
Раководството на клубот интензивно преговара со агентите на Серхио Рамос, кој има понуда и од Галатасарај, кој му нуди можност повторно да игра во Лигата на шампионите.
Сепак, финансиски понудата од Саудиска Арабија е многу поголема.
Ал-Итихад му нуди на Рамос двегодишен договор, со клаузула дека соработката може да биде прекината и претходно, доколку фудбалерот одлучи да стави крај на кариерата.