Актуелниот шампион декласиран од Австралија

1722265260-uros.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Актуелните олимписки шампиони, ватерполистите на Србија, доживеаја катастрофален пораз од Австралија во второто коло.


Австралија победи со 8:3 (1:0, 5:1, 1:0, 1:2). Во првото коло Србија ја победи Јапонија со 16:15, Австралија беше поразена од Шпанија со 9:5. Во следното коло Србија ќе игра против Шпанија, Австралија со Франција. Со овој пораз, во групата Б во која уште е и Унгарија, Србија под голем знак прашалник го стави пласманот во осминафиналето.

По повлекувањето на седум играчи од трофејната генерација, која ги освои последните две олимпијади, српското ватерполо е во слободен пад. Во последните три години имаат само едно полуфинале на големите натпреварувања.

Дека имаат проблеми во играта беше забележливо на првиот меч против Јапонија, а сите недостатоци ги открија против мотивираната Австралија. Одбраната и функционираше некако, но нападот на Србите беше катастрофален.

Првиот гол го постигнаа на истекот на поливремето кое Австралија го доби со 6:1.

Мизеријата на Србите продолжи и во третиот период во кој не постигнаа гол, па речиси ништо не им значеше што последната четвртина ја добија со 2:1.

Головите за Србија ги постигнаа: Душан Мандиќ два и Никола Дедовиќ еден. Головите за Австралија ги постигнаа Павилард четири, Бејнс два и Мерсеп еден.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK