„Ако Јамал сака да игра еден на еден, нека се префрли на тенис“


13883346.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Атлетико Мадрид и Барселона, вечерва на „Метрополитано“ стадионот, ќе го играат реванш натпреварот од четвртфиналето на Лигата на шампионите.


Атлетико неочекувано го доби првиот натпревар со 2:0 и има одлична можност да влезе во полуфиналето. Секако, пред мечот, борби се водат надвор од теренот, а Диего Чоло Симеоне, тренерот на Атлетико, покажа дека таму се снаоѓа одлично.

Тој доби прашање од новинар на прес-конференција.

„Ламин Јамал се жали дека го чуваат голем број играчи на Атлетика, се надева дека ќе добие шанса да игра еден на еден. Што велите за тоа?“

Чоло веднаш имаше јасен и духовит одговор.

„Ако сака спорт еден на еден, нека оди да игра тенис.“

Победникот од дуелот меѓу Атлетико и Барса во полуфиналето ќе игра против подобриот тим од натпреварот Арсенал – Спортинг.

Foto/ EPA

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK