Агуеро под истрага за поврзаност со голем нарко картел


depositphotos_237833112_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Аргентинското Министерство за Внатершни Работи, минатата недела го уапси нарко-босот Пабло Алварез, познат по прекарот Беботе. Алварез предводел меѓународна организација за трговија со дрога.


Се чини дека Серхио Кун Агуеро, поранешен напаѓач на Атлетико Мадрид, Манчестер Сити и аргентинската фудбалска репрезентација, исто така бил вклучен во криминалната мрежа.

Според порталот „Ла Политика“, името на Агуеро испливало меѓу сопствениците на компании кои му служеле на картелот за перење пари заработени од продажба на дрога.

Агуеро ја основал организацијата „Кру Тикетс“, која продавала билети за е-спортски настани. Податоците од конфискуваните мобилни телефони покажуваат дека Агуеро бил во комуникација со членовите на картелот, но тие наводно лажно му се претставувале, па затоа е можно свесно да не учествувал во криминални активности.

Агуеро се пензионира, поради здравствени проблеми во 2021 година. Тој освои пет титули во англиската лига со Манчестер Сити. Има 101 настап за аргентинската репрезентација и 41 гол.

Гореспоменатиот нарко-бос Беботе Алварез беше водач на навивачите на аргентинскиот Индепендиенте, клубот за кој играше и Агуеро.

Foto/ Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK