Агуеро ја тужеше Барселона, барајќи три милиони евра

3-8.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Каталонците мака мачат со финансиите, а сега добија и тужба од поранешен фудбалер на Блауграна.


Како што пренесуваат шпанските медиуми, поранешниот напаѓач на Барселона, Серхио Агуеро, поднел тужба против каталонскиот клуб поради неисплатени плати во износ од три милиони евра.

Аргентинскиот напаѓач се пресели во Барселона во мај 2021 година, но мораше да ја заврши кариерата во декември истата година, откако му беше дијагностицирана срцева болест.

Како што пренесува АС Мадрид, Барселона требало да му исплати на Агуеро плата за првата година од договорот за осигурување, но осигурителната компанија одбила да му плати на фудбалерот со образложение дека тој имал проблеми со срцето уште од детството. Сепак, Аргентинецот смета дека Каталонците му должат три милиони евра обештетување за раскинувањето на договорот и поднесе тужба против клубот.

Агуеро пристигна на Ноу Камп во мај 2021 година, но одигра само пет натпревари на кои постигна еден гол (против Реал Мадрид).

Серхио Кун Агуеро во својата богата кариера настапуваше за Атлетико Мадрид, Манчестер Сити и Барселона. Дресот на репрезентацијата на Аргентина го носеше 101 пат и постигна 41 гол.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK