Африканската конфедерација изрече казни и суспензии… ги казни и собирачите на топки


424144.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Циркузот што го одбележа финалето на Африканскиот куп на нации конечно доби епилог во форма на казни што Конфедерацијата на африкански фудбал им ги изрече на репрезентациите на Сенегал и Мароко.


Неверојатни слики пристигнуваа од Мароко таа вечер. Во судиското продолжение, беше досуден пенал за Мароко, селекторот Пепе Тиао одлучи да ја повлече својата репрезентација од теренот, Садио Мане ги убеди своите соиграчи да се вратат.

Брахим Дијаз се посрамоти со начинот на кој го изведе пеналот. Се обиде со паненка, но голманот Менди му фати жива топка.

Сенегал на крајот славеше со гол во првото продолжение.

Посебна приказна на финалето е борбата на собирачите на топки со резервниот голман на Сенегал, кој со „живот“ го бранеше пешкирот на својот колега Менди.

Мароко, ден по финалето побара да му се одземе титулата на Сенегал, но таа жалба беше одбиена.

Што се однесува до Сенегал, казните се следниве:

Тренерот Пепе Тиао е казнет со пет натпревари и 100.000 долари.

Играчите Илиман Ндијае и Исмаила Сар се суспендирани со по два натпревари.

Фудбалската асоцијација на Сенегал е казнета со 615.000 долари.

Што се однесува до Мароко, казните се следни:

Ашраф Хакими е казнет со суспензија од два натпревари (еден условно).

Исмаел Саибари е казнет со три натпревари и 100.000 долари.

Фудбалската федерација на Мароко мора да плати казна од 300.000 долари.

Најимпресивната казна им беше изречена на собирачите на топки вклучени во инцидентот со резервниот голман на Сенегал, тие се казнети со 200.000 долари.

Foto/ EPA

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK