Центарот на Мемфис Гризлис, Стивен Адамс, ќе биде опериран поради долготрајна повреда на коленото, објави франшизата.
Адамс не играше од 22 јануари поради повреда на задните вкрстени лигаменти. Затоа ги пропушти последните 36 натпревари од претходната сезона и затоа нема да им биде на располагање на Гризлис до следната есен.
Лекарите се обиделе да му помогнат со вбризгување на матични клетки во март, но немало напредок.
Гризлис изјавија дека и покрај сериозноста на повредата, Адамс нема проблеми со стабилноста на коленото.
30-годишниот играч минатата сезона имаше просек од 8,6 поени, 2,3 асистенции, 11,5 скока и 1,5 блокади.
Својата НБА кариера ја започна со Оклахома Сити Тандер, а играше и за Њу Орлеанс Пеликанс.