65. јубилејна ноќна атлетска трка во Битола

65-јубилејна-ноќна-атлетска-трка-во-Битола.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Околу 800 вљубеници во трчањето учествуваа на ноќната атлетска трка по Широк Сокак синоќа во Битола, а не ги спречи ни големото невреме што синоќа го зафати градот.


Трката години наназад се одржува како дел од Програмата за одбележување на 4 Ноември, Денот на ослободувањето на Битола, а се натпреваруваа ученици од 4 до 9 одделение од основните училишта, средношколци и студенти, поделени во машка и женска конкуренција. На трката учествуваа и претставници на одредени компании во градот, како и граѓаните.

Победниците на трката ги поздрави градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој посочи дека ваквите натпревари се поттик за што повеќе спортски активности на младите битолчани, а посебно што се натпреваруваат голем број на ученици и граѓани. Масовноста на трката, истакна Коњановски е само уште еден белег и придонес кон празнувањето по повод ослободувањето на Битола. Пред присутните се осбрати и претседателот на Сојузот на спортови на Битола, Сашко Павловски.

Наградите на победниците им ги врачија градоначалникот Тони Коњановски, заменик градоначалникот Бојан Бојкоски, советничката во Советот на општина Битола, Лидија Павловска и претставници на Сојузот на спортови.

Традиционалната ноќна атлетска трка се одржува во организација на Сојузот на спортови од Битола, во соработка со Сојузот на училишен спорт, а со поддршка од општина Битола.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK