Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни и поројни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 8, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Утре и во вторник на повеќе места ќе има врнежи, кои повремено ќе бидат пообилни и поројни проследени со појава на грмежи и засилен ветер. Поради спуштање на постудена воздушна маса утре на планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег и ќе се формира нова снежна покривка.