Со еден час доцнење започна собраниската седница со единствена точка на дневен ред – уставни измени. Со неа раководи претседателот на Собранието, Талат Џафери. За дневниот ред гласаа 117 пратеници – од кои 47 пратеници „против“, 70 пратеници „за“, а воздржани немаше.
„Констатирам дека е усвоен предложениот дневен ред“; кажа Џафери.
Во собраниската сала, во првите редови седи премиерот Димитар Ковачевски, а таму се и вицепремиерот Бојан Маричиќ, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, вицепремиерот Артан Груби.