Јавноста сака да знае како Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети, кој има 24 години, го купи бизнис центарот Соравиа за 30 милиони евра.
Од каде му се на внучето Дрин, 30 милиони евра и дали институциите го проверија потеклото на парите. Очигледно ниедна институција не смее ни да помисли нешто да проверува за овој случај, бидејќи истите се партизирани и се во служба само на богатење на функционерите од власта.
На ДУИ не и бега опозиција за неколку месеци, бидејќи се претвори во криминален картел, каде градоначалникот на Струга Мерко, веќе е ставен на црна листа на САД, поради криминални активности, братот на Груби купува дуќани, во центарот на Скопје по багателна цена, а сега дојдоа на ред и нивните внуци, како младиот “претприемач” Дрин Ахмети.
За многу кратко, доаѓа времето кога одговорност ќе има за секој еден криминал кој е направен, без разлика, кој како се вика и презива.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ