Вицепремиерот Битиќи оствари средба со државниот секретар во норвешкото МНР, Ејвин Вад Петерсон

BITIKJI
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, оствари средба со норвешкиот државен секретар во Министерството за надворешни работи, Ејвин Вад Петерсон, кој е во официјална посета во нашата земја.

На средбата, како што соопштија денеска од владината прес-служба, биле разменети мислења за енергетската сигурност и енергетските потенцијали во Македонија, при што вицепремиерот Битиќи нагласил дека за нас, енергетскатата сигурност претставува прашање на националната безбедност, преку обезбедување на сигурно и непречено снабдување со енергија, кое ќе ги задоволи потребите на нашиот народ.


Во делот на енергетските потенцијали, вицепремиерот Битиќи ја информирал норвешката делегација дека Македонија го либерализираше пазарот на електрична енергија, отворајќи ја вратата за приватниот сектор да инвестира во капацитети за обновливи извори на енергија.

Посетата на државниот секретар во норвешкото МНР, Ејвин Вад Петерсон во Скопје е по повод отворањето на Почесниот конзулат на Кралството Норвешка во просториите на „Алкалоид АД“ Скопје, чиј генерален директор Живко Мукаетов ќе ја врши функцијата на почесен конзул во земјава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK