Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска го прими Зоран Ќосески, почесен конзул на Република Северна Македонија во Австралија.
На средбата, соопштија од кабинетот на Пендаровски, се разговарало за македонско-австралиските релации кои се карактеризираат со позитивна динамика од нивното воспоставување и добри релации кои се развиваат преку соработката на нашите институции и македонската заедница која е присутна во Австралија повеќе децении.
Ќосески го информирал претседателот Пендаровски за неговите активности како почесен конзул и долгогодишен активист за поголема видливост на македонската заедница во Австралија и можностите за отворање на нови полиња на соработка меѓу двете држави и народи.
Претседателот Пендаровски ја реафирмирал подготвеноста на нашата држава за динамизирање на билатералниот политички дијалог со Австралија, како и интензивирање на нашите контакти во рамките на мултилатералните организации, а посочи и на интересот за интензивирање на економската соработка и унапредување на трговската размена.