Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, во рамки на учеството на Преспа форум за дијалог 2023.
-Претседателот Пендаровски упати честитки за неговиот избор за претседател на Црна Гора изразувајќи уверување дека Северна Македонија и Црна Гора во интерес на граѓаните на двете земји и нивниот напредок и просперитет, ќе го продолжат традиционалното пријателство и успешната билатерална соработка, информираат од Кабинетот на претседателот.
На средбата беше разговарано за состојбите во двете земји и нивната европска перспектива, како и за политичките случувања, економските и безбедносните предизвици се кои се соочува нашиот регион.
Двајцата претседатели изразија подготвеноста за продлабочување на комуникациите и размена на искуства во однос на реформите за трансформација на општествата и евроинтеграциските процеси за членство во Европската Унија како заедничка надворешно-политичка цел.