Министерот за вантрешни работи Оливер Спасовски во рамки на проектот „Отворен Кабинет” денеска ќе биде во ОВР Струга.
Покрај приемот на странки, предвидено е Спасовски да има работен состанок и брифинг со раководството на ОВР Струга, соопшти МВР.
Целта на „Отворен Кабинет” е преку посети на сите Сектори за внатрешни работи низ државата и приеми на странки од страна на министерот Спасовски, во рамки на веќе утврдениот концепт „МВР за ГРАЃАНИТЕ“, на непосреден начин да бидат слушнати предизвиците со кои се соочуваат граѓаните, нивните идеи и предлози за подобрување на безбедноста во заедницата во која живеат.