Спасовски: Нулта толеранција за корупција, борбата не е лесна ама вреди

spasovski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Како МВР имаме нулта толеранција во однос на корупцијата, борба која мора да биде ригорозна и конзистентна, транспарентна и неселективна. Тоа подразбира дека за сето она што го работиме не смее да постои селективност, без разлика корупцијата и криминалот од каде доаѓаат, дал се на високо или ниско ниво, иако за мене таква поделба не постои. Корупција е коурпција, без разлика каде се јавува, таа треба да биде сузбиена. Секако дека ако се јавува корупција на високо ниво е попроблематична заради тоа што може да се има поголемо влијание врз системот, но сепак, мораме како институции, како систем, сите заедно да имаме добар одговор во однос на оваа состојба.

Ова го изјавил министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во Студио 10 на ТВ24, прашан за соработката на МВР со институциите надлежни за сузбивање на корупцијата.


Спасовски потенцирал дека МВР има добра соработка со институциите надлежни за борба против корупцијата.

– Можам да сведочам за добра соработка и со јавните обвинителства и со Државната комисија за спречување на комисијата, со конкретни договори за соработка, меморандуми за електронска размена на информации. Направивме можност укажувачите да имаат побезбеден систсем. Секоја постапка треба да се води без разлика за кого станува збор, да се прибираат докази, секаде каде ќе се покаже криминал – да се носи одговороност. Не смееме да си дозволиме луксуз во којшто некој ќе биде изоставен од водење постапка за криминал или корупција. Само така граѓаните ќе имаат доверба во институциите, рекол Спасовски.

Образложувајќи дека корупцијата како феномен практично лишува многу услуги кои се потребни на граѓаните, како што се наведува во соопштението од МВР, Спасовски истакнал дека преку корупцијата граѓаните се лишени од услуги во образованието, во здравството, таа ја јаде економијата и работните места, за сметка на богатење на групи и поединци. Затоа, посочил Спасовски, посебно е важно истрагите за корупција да биде проследени со финансиски истраги и конфискација на имот.

– Како МВР од моментот кога започнавме со финансиски истраги го формиравме Одделот за водење финансиски истраги во МВР и водиме паралелно финансиска истрага за секоја кривична постапка, со цел на крајот да не може тој имот кој е нелегално стекнат, да остане кај криминалот, туку да мора да се врати кај државата, нагласил Спасовски.

Истакнувајќи дека борбата против корупцијата е присутна секаде во општество, на секое ниво, министерот за внатрешни работи подвлекол дека таа никогаш не е лесна и не е ексклузивитет само за нашата држава.

– Борбата против криминалот и корупција не е лесна никаде во светот, дури и во најразвиените демократски држави. Еден од најголемите американски претседатели Рузвелт, би рекол – ‘Aко беше лесно немаше да вреди’. Така што и оваа битка којашто ја имаме против криминалот и корупцијата не е лесна, меѓутоа е вредно да се бориме против нив и да создадеме услови за развој на општеството, за такво какво што го посакуваат и, пред сѐ, заслужуваат граѓаните на државата”, рекол министерот Спасовски.

Одговарајќи на прашањето дали има заштитени во однос на корупција, Спасовски бил дециден: За кој сака нека се работи, тука нема ни внуци, ни браќа, ни сестри, ни функционери…. Не сакам да се создава илузија во јавноста дека некој заради тоа што е поврзан со врвот на власт или е во самиот врв на власта – нема да одговора.

– Апсолутно секој кој се бави со криминал и корупција мора да одговара! Нема поединец во оваа држава кој може да биде појак од државата и не смее да има во ниту еден случај. Националната припадност, верската припадност, политичката…, во ниту еден случај не може да биде основа за тоа дали има криминал или нема криминал. Тој што правел криминал е криминалец и треба да сноси одговорност. Криминалот и корупцијата не познаваат граници и веќе е транснационален криминал. Да не се надева некој политичар дека затоа што е политичар ќе биде заштитен за тоа што го правел незаконски во текот на работењето. Така што ова треба да биде порака до сите: секој еден којшто прави криминал, кој со умисла сака да биде дел од криминални структури и преку корупција да ја уништува државата, мора да излезе пред лицето на правдата и во тоа сме силно решени, потенцирал Спасовски, додавајќи притоа дека системот за борба против корупција е комплексен.

Навел дека тоа не е една институција, но граѓаните, истакнал Спасовкси, сакаат да го видат крајниот исход.

– Дали тој што е криминалец и утврдил судот дека е криминалец – ќе ја изврши санкцијата, дали ќе се конфискува нелегалниот имот. Дали зајакнува системот?! Да, зајакнува. Тој систем не е ист систем како до 2017. Дали треба да биде подобар? Да, треба да биде уште подобар и да градиме сите доверба во институциите, подвлекол Спасовски, стои во соопштението од МВР.

Прашан за безбедносната состојба во државата, особено во корелација со случувања на Косово, Спасовски потенцирал дека таа е стабилна, без никакви индикации за можни нарушувања, а дека сите институциите задолжени за безбедноста се максимално будни.

– Република Северна Македонија е дел од НАТО и тоа во многу нѐ прави да бидеме порелаксирани за разлика од сите други држави кои не се дел од тој воено-политички сојуз. Ние сме постојано и целосно посветени на оваа активност, работи оперативен штаб, на дневна основа се разменуваат информации и граѓаните можат да бидат максимално спокојни, бидејќи немаме никаква основа за било што да може да предизвика нарушување на безбедносната состојба во регионот, образложил министерот Спасовски.

Тој истакнал дека сите проблеми треба да се решаваат низ дијалог, низ дијалог треба да се затвораат сите отворени прашања во овој регион и конечно сите заедно да почнеме да размислуваме како да ја направиме најважната реформа, а тоа е реформата на умот и како да продолжиме кон економски просперитет на регионот.

– Колку повеќе ќе јакнеме економски, толку повеќе ќе заборавиме на прашањата коишто сите нас нѐ оптоваруваат, потенцирал министерот Спасовски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK