Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил објави дека денеска на покана на мото клубот „Тиквеш Рајдерс Офишал“ присуствувал на традиционален осми по ред „Мото-фест 2023“ во Кавадарци, организиран во чест на 12-те ваташки младинци и за јакнење на противпожарното друштво „Сашко Гешовски“.
– Освен културно забавниот карактер, на мое големо задоволство овој настан има додадена вредност – ја промовира безбедноста во сообраќајот а во насока на подигање на свеста за сообраќајната култура. Благодарност за укажаната чест од страна на „Тиквеш Рајдерс“ – продолжуваме со поддршката!, наведе Спасовски во објавата на Фејсбук.