Спасовски: Бонус плата за вработени во МВР за остварени над 150 часа прекувремена работа за 2022 година

bonus-plata
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски информираше дека денеска се исплаќа бонус плата за вработени во МВР кои оствариле над 150 часа прекувремена работа на годишно ниво за 2022 година.

– Откако го преземав раководењето со МВР, како приоритет се воспостави редовната исплата на бонус плати за над 150 изработени часови прекувремена работа на годишно ниво, како гарантирано право на вработените во МВР согласно Колективниот договор, вели министерот Спасовски, нагласувајќи ја исплатата на претходните бонус плати.


Посочува дека во периодот од 2017 до 2022 исплатени се бонус платите за 2017 и 2018, за кои не беа обезбедени и исплатени средства од претходното раководство на МВР.

– Продолживме и со редовна исплата на бонус платите за 2019, 2020 и 2021 година, за што вкупно беа обезбедени и издвоени 561.773.133 денари или 9.060.857 евра, средства од Буџетот на МВР предвидени за остварување на ова право на вработените, истакнува Спасовски.

Благодарение на спроведените одговорни економски политики и како резултат на домаќинското работење, наведува министерот, беше зголемена просечната плата, а со тоа растеше и поединечниот износ на бонус платите во МВР.

– Колку за илустрација, ако бонус платата во 2017 година поединечно изнесуваше 22.928 денари, во 2023 година можеме да се пофалиме со бонус плата за 2022 година во поединечен износ од 31.859 денари, што претставува зголемување на износот од безмалку 40%, вели Спасовски, додавајќи дека за актуелното раководство на МВР императив е подобрувањето на статусот на вработените, а во насока на етаблираниот концепт „Задоволна полиција – безбедни граѓани”.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK