СДСМ како одговорна, државотворна партија, постојано работи за граѓаните и нивните интереси.
Борбата против рудникот во Иловица, што СДСМ со граѓаните ја води против рудникот во Иловица, продолжува.
Владата предводена од СДСМ донесе одлука со која е укинато спојувањето на концесиите за рудниците во општина Босилово и Ново Село.
Тоа е одлука што директно го штити интересот на жителите на овие општини, но и на целиот Струмички регион.
Концесиите за рудниците се дадени од страна на ДПМНЕ во 2012 година и само поради одлучноста на СДСМ, денес рудниците се уште не се отворени и нема да се отворат, ако граѓаните тоа не го сакаат.
Интересите на граѓаните, остануваат врвен приоритет за парламентарното мнозинство и Владата предводена од СДСМ.
Уште од првите месеци од мандатот СДСМ презема мерка за да нема рудници на смртта во Македонија,
Во јуни 2019 година Владата предводена од СДСМ го задолжува Министерството за економија да достави предлог одлука за едностран раскин на Договорот за концесија, а во декември истата година, истата Влада на СДСМ носи Одлука за едностран раскин на Договорот за концесија.
СДСМ, како дел од Владата и парламентарното мнозинство, ќе ги искористи сите механизми за да спречи отворање рудници, без разлика дали ќе треба да се плаќаат пенали или не.
Силно сме посветени да ги заштитиме граѓаните, да го сочуваме нивното здравје и да обезбедиме квалитетна животна средина.
Продолжуваме да го слушаме гласот на граѓаните.
Љубица Спасова, пратеничка на СДСМ