Министерството за животна средина и просторно планирање и Програмата на Обединети нации за животна средина продолжува почнаа со реализирањето на новиот УНЕП/ГЕФ 7 проект „Зачувување на биолошката разновидност, одржливо управување со земјиштето и развој на одржлив туризам во Македонија“. Како што информираат од МЖСПП, проектот ќе се трае 4,5 години и е финансиран од Глобалниот еколошки фонд.
Министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова во поздравното обраќање истакна дека проектот ќе се надоврзе и ќе ги зајакне, постојните тематски иницијативи во рамките на националните области за деградација на земјиштето и биолошката разновидност. Таа потенцирајќи дека иако ќе се работи на поддршка на националните и локалните засегнати страни во Шар Планина, како избрано пилот подрачје, во втората компонента на проектот, ќе се обезбеди поддршка за усвојување и спороведување на стекнатите искуства и најдобрите практики во интегрираното управување со пејсажи низ целата територија на Република Македонија.
-Ќе се развијат и применат пристапи за интегрирано управување со пејзажите и ќе се демонстрираат придобивките од постигнување синергии помеѓу биолошката разновидност, одржливо управување со земјиштето, одржливо управување со шумите, обезбедување рурален развој, зачувување на земјиштето како база на ресурси, преку обезбедување нето загуба на здрава и продуктивна земја, како споделување на научените лекциите клучни за зголемување на ваквите пристапи на национално ниво, додаде Шукова, информираат од прес-службата на Министерството за животна средина и просторно планирање.
Како што се наведува во соопштението од Министрството, на настанот се обратиле и раководителот на Сектор природа во МЖСПП, Влатко Трпески, кој го нагласил нотираниот национален прогрес во оваа област, особено делот на соработка со УНЕП во изминатите години, а програмскиот асистент на УНЕП, Соња Геберт, координаторот на проекти за Западен Балкан, Искра Стојанова од Канцеларијата на УНЕП во Виена и Ерсин Есен, таск менаџер, од канцеларијата на УНЕП во Женева ги презентирале проектот, работниот план и временската рамка, очекувани резултати, планот за мониторинг и евалуација и принципите за вклучување на засегнатите страни.