Шукова: Да го претвориме отпадот во наша зелена иднина

shukova
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во рамки на третата по ред еколошка акција „Генералка викенд 2023“ во Општина Јегуновце учествуваше министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова. Таа беше дел од акцијата за чистење на депонијата кај Јажинце во оваа тетовска општина.

– Отпадот што не окружува е наш производ. Ние луѓето сме го создале и сме го оставиле зад нас. Да покажеме совесност и одговорност за своето однесување кон природата, да се вклучиме во најголемата волонтерска акција „Генералка викенд“ и собирајќи го отпадот да и го вратиме сјајот на природата. Оваа веќе традиционална акција не здружува, ја покажува моќта на заедништвото и ни дава можност отпадот да го претвориме во наша зелена иднина, истакна министерката.


Акција на чистење во Општина Јегуновце се спроведе на повеќе локации, поточно на делниците од Туденце до Сиричино, Јанчиште, од Шемшево до Прељубиште, од Шемшево до Сиричино и од Јажинце до Рогачево.

– „Генералка викенд“ е акција што Министерството ја поддржува уште од првата година кога беа вклучени само 10 општини и 1 000 волонтери. Годинава бројот на општини е 53, а бројот на пријавени волонтери повеќе од 16 000. Со засадување на дрвна садница за секои 10 килограми собран отпад, акцијата овозможува „засадување на отпадот во зелена иднина“ и претставува извонреден начин да се демонстрира моќта на заедништвото и координативната работа во интерес на животната средина и квалитетот на живото на сегашните и идните генерации, рече Шукова.

Оваа акција е најмасовна и најинклузивна акција за чистење на отпад на територијата на целата држава што се организира како соработка на Мен енд маунтаин, „Пивара Скопје“, „Пакомак“, „Нула отпад“, министерствата за животна средина и просторно планирање и за земјоделство, шумарство и водостопанство, претставници на дипломатскиот кор, локалните самоуправи, 400 училишта, локални поддржувачи и спортски клубови.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK