СДСМ: Рамо до рамо во Валандово, Гази Баба и Демир Хисар; ДПМНЕ да номинира членови за работни групи, да продолжи дијалогот

sdsm bitikji
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Скопје, 12 јуни 2023







Како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“ денеска потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи заедно со Кети Василевска беше меѓу граѓаните на Валандово.

– Северна Македонија има јасна, чиста европска шанса. Храбрите државнички одлуки, како и актуелните глобални текови создадоа услови проширувањето на ЕУ со земји од Западен Балкан да биде скорешна реалност. Таа шанса треба и мора да ја искористиме и затоа подадовме рака кон сите политички субјекти, вклучително и кон ДПМНЕ. Дијалогот се воспостави, гледаме дека Мицкоски промени не е против уставни измени. Сега треба да продолжи дијалогот како да ги направиме уставните измени на потег. Потребна е одговорност, никој не смее да се коцка со европската иднина, порача Битиќи.

Членството во ЕУ, додаде тој, ќе значи нови, неограничени можности за развој, за економски раст и шанси за младите тука да ја градат својата иднина.

Во Демир Хисар беше членот на Извршниот одбор на СДСМ, Костадин Ацевски кој пред граѓаните порача дека СДСМ вложува во инфраструктурата во секое населено место, дека со изградбата на делниците од Коридорите 8 и 10 државата ќе биде подобро поврзано и дека сега е моментот да се искористи шансата за забрзување на евроинтеграциите, затоа што членство во ЕУ, значи пристап до нови фондови и поголеми можности за рамномерен регионален развој.

Во општина Гази Баба беа пратеничката Санела Шкријељ и Борис Тунџев.

– Добро е што се воспостави дијалог и што Мицкоски јавно соопшти дека не е против уставни измени и прифаќа учество во заедничка Влада. СДСМ веќе предложи работна група од највисоки партиски претставници и сега, на ред е ДПМНЕ да номинира свои претставници и работните групи да започнат со работни средби што е можно поскоро. ДПМНЕ треба да ја прифатат подадената рака. Сега не е време за политички калкулации, туку е време на одговорност, пред сопствените граѓани, пред иднината на сопствената држава, порача Шкријељ пред граѓаните на Гази Баба.

СДСМ – Центар за комуникации со јавноста

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK