Скопје, 25 јуни 2023
Надвор од реалноста, дури може да се каже дека е и первезно ДПМНЕ да одржува трибина за криминал и корупција, па згора на се и во Белата палата, симболот на криминалот и корупцијата.
ДПМНЕ е партија со криминално стекнат имот врз грбот на граѓаните, нелегална Бела палата којашто е конфискувана.
Од скромна жолта куќа, до Бела палата дивоградба врз грбот на граѓаните и тоа со вазни од 180.00 евра, подни плочки од 100.000 евра, паркет од 76.000 евра, лустери од 20.000 евра.
ДПМНЕ е партија со бројни судски пресуди за долгогодишни затворски казни, стотина осудени сегашни и поранешни партиски функционери на оваа партија, меѓу кои и за злосторничко здружение.
СДСМ, Центар за комуникации со јавноста