СДСМ има резултати што прават разлика, се бориме за социјална правда и еднакви можности, порача Ковачевски

20230611135651_big_730x400_69
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија работи за иднината и инвестира, но никогаш не го заборава основниот столб што го држи нашето општество заедно, а тоа е граѓанинот, порача премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски на денешната трибина „Резултати што прават разлика“ што се одржа во Кавадарци.  [СДСМ Трибина Кавадарци]

– Правична социјална држава е еден суштински дел на нашите политики изградени врз принципите на правичност, сочувство и солидарност. А за време на најголемата економска и енергетска криза, покажавме и колективна одговорност, никој не беше оставен сам. Ние гарантираме социјална заштита и социјални услуги за сите и затоа со гордост може да кажеме дека континуирано се грижиме за сите наши граѓани. Се грижиме за работниците, за пензионерите, наставниците, лекарите, медицинските лица, рече Ковачевски.

Со конкретни наши политики, додаде тој,  правиме се да го премостиме јазот меѓу оние што имаат повеќе и оние што немаат доволно, да ги елиминираме разликите и нееднаквоста. Ковачевски нагласи дека СДСМ се бори за социјална правда, еднакви можности и искоренување на сиромаштијата, истакнувајќи дека партијата во секој сегмент, во секое поле и во однос на политичките противници, зад себе има резултати што прават разлика.


[СДСМ Трибина Кавадарци]  – Денеска, не само јас, сите ние со гордост можеме да кажеме дека СДСМ има резултати кои навистина прават разлика и во однос на секојдневниот живот на нашите граѓани и во однос на нашиот политички ривал ВМРО-ДПМНЕ. Ние денес имаме историски највисока минимална плата, највисока просечна плата, зголемени пензии, заштитени ранливи граѓани за кои навистина се погриживме за време на зимата, обезбедени повеќе и подобро платени работни места во новите отворени фабрики и работни места. Денес инвеститорите кај нас доаѓаат поради обезбедени добри услови за работа од страна на државата, и плаќаат плати далеку над просечната. Во времето на ВМРО, тоа не беше така. Во времето на ВМРО бевме познати како дестинација со евтина работна сила. Го враќаме достоинството на работниците и на нашите граѓани. Секој ден, потенцира  Ковачевски.  Претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски учествува на трибина на тема „Континуирана грижа за вас“, во организација на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ.  [СДСМ Трибина Кавадарци]  Трибината започна со оддавање почит со минута молчење за починатиот претседател на ССМ, Дарко Димовски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK