Прашање за Мицкоски: Што потврдува за ДПМНЕ криминален имот и почесен претседател на црна листа на САД?
Христијан Мицкоски се најде повикан да толкува одлуки на САД, претседател на партија ДПМНЕ со криминално стекнат имот врз грбот на граѓаните, со конфискувана Бела палата и партија со почесен претседател на црната листа на САД.
Прашање за Мицкоски: што потврдува ова за ДПМНЕ?
Или на пример што потврдуваат за ДПМНЕ бројните судски пресуди за долгогодишни затворски казни, стотина осудени сегашни и поранешни партиски функционери со нивни јавни признанија, меѓу кои и за злосторничко здружение?
СДСМ – Центар за комуникации со јавноста