Претседателот на државата Стево Пендаровски ќе учествува на Преспа форум за дијалог 2023, што се одржува во Струга на тема „Проширено европско семејство до 2030: (Не)возможна мисија?“.
Како што е најавено, денеска претседателот Пендаровски ќе се обрати на сесијата „Мир и демократија наспроти војна и автократија“.
Предвидено е претседателот Пендаровски да оствари средби со претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, со претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, со претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ и со помошник генералниот секретар на ОН за Европа, Централна Азија и Америка, Мирослав Јенча.