Предадено во употреба педијатриското одделение на гостиварската болница


PEDIJATARSKO odeleni gostivar
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за здравство, Фатмир Меџити на пригодна церемонија и во присуство на првиот заменик на претседателот на Владата, Фатон Амети, дирекотр на ФЗОМ и други личности од јавниот живот го предаде во употреба целосно реконструираното детско одделение во гостиварката болница.

Тој во обраќањето напомена дека овој зафат претставува капитално вложување и дека болничката управа заедно со општествено-одговорни чинители целосно го реконструираа и опремија делот во кој се лекуваат најмладите пациенти.


– Со задоволство можам да констатирам дека гостиварската болница претставува успешен пример како може да се подобрат условите за третман со заеднички заложби и на болницата и на општествено одговорни компании. Посебна благодарност изразувам за сите општествено-одговорни компании кои учествуваа во подобрување на условите за третман на децата, рече министерот Меџити.

Илбер Адеми, директорот на општата болница „Ферид Мурад“, напомена дека во изминативе педесет години ова е прво посериозно вложување за подобрување на условите во детското одделение. Пуштањето во работа, како што напомена, е избрано токму на меѓународниот ден на детето.

– За опремување и уредување на просторот од 700 квадратни метри, кое започна лани вложени се над 14 милиони денари со што се обезбедени најмодерни услови за престој и лекување, рече Адеми.

Одделот за педијатрија со реконструкцијата доби целосно нови тоалети на одделот, нова електрична инсталација, под и столарија. Дополнителното опремување со немедицинска опрема: работни маси, инвентар, работни маси, нови детски кревети и климатизери го овозможија неколку компании и организации.

Министерот за здравство Меџити напомена дека се води сметка и за зајакнување на кадарот на овој оддел во гостиварската болница и како што кажа, во моментов има 3 доктори на специјализација, од кои два се враќаат за една година.

Гостиварската општа болница со околу 520 вработени пружа здравствени услуги на секундарно ниво на жителите од три општини.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK