Петровска на Меѓународниот саем на одбранбена индустрија ИДЕФ 23 во Истанбул, средба со косовскиот министер Мехај

petrovska
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерката за одбрана Славјанка Петровска во Истанбул денеска го посети и најголемиот саем на одбранбена индустрија во земјата, ИДЕФ 23, каде се претставениа околу 1.000 домашни и меѓународни компании од индустријата, а присутни биле над 400 официјални делегации, вклучувајќи и министри за одбрана.

Од МО соопштија дека Петровска ги посетила и штандовите на компаниите ASELSAN, BMC и NUROL, каде се запознала со новите достигнувања на воената индустрија и производите на овие турски компании.


– Компанијата ASELSAN произведува и дел од опремата за новите артилериски системи кои ги набавува Северна Македонија од Турција преку Договорот Влада-со-Влада, кои согласно планот треба да пристигнат во текот на 2025 година. Овие артилериски системи се целосно компатибилни со вооружувањето на сојузничките земји и се изработени согласно највисоките стандарди на Алијансата. Истите се наменети за потребите на артилерискиот баталјон на Армијата, а приоритет е ставен на пополната на капацитетите на армиската НАТО – единица, се појаснува во соопштението од МО.

Во рамки на воено-финансиската соработка со Турција, информираат од МО, досега реализирани се набавки од речиси 2,5 милиони долари од компанијата ASELSAN – со турска поддршка набавени беа системи за врски како и придружна опрема.

На маргините на Саемот, министерката Петровска остварила и средба со нејзиниот косовски колега, министерот за одбрана Арменд Мехај, со кого разговарала за безбедносната состојба во регионот и македонско-косовската одбранбена соработка.

– Петровска порача дека Северна Македонија со учеството во мисијата на НАТО на Косово, КФОР, продолжува да дава силен придонес кон безбедноста на земјата и регионот и дека потребен е искрен дијалог и почитување на сите превеземени обврски за решавање на отворените прашања помеѓу нашите северни соседи. Безбедноста, рече министерката, мора да биде нашиот прв приоритет и затоа потребни се одлучни чекори во насока која промовира мир и сигурност за целиот регион, соопштија од МО.

Косовскиот министер Мехај порачал дека одбранбената соработка со Северна Македонија е важна за Косово и се заблагодари за учеството на припадници на Армијата на Република Северна Македонија во мисијата КФОР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK