Петровска и Османи ја поздравија одлуката на Турција да не го попречува членството на Шведска во НАТО

petrovska
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерката за одбрана Славјанка Петровска, која заедно со премиерот Димитар Ковачевски и министерот за надворешни работи Бујар Османи учествува на Самитот на НАТО во Вилнус, ја поздрави одлуката на Турција да не го попречува членството на Шведска во Алијансата.

– Единството во НАТО уште еднаш победи. Постигнат е договор и Шведска да биде дел од Алијансата. НАТО семејството се проширува на 32 членки. Побројни, помоќни, пообединети, напиша министерката Петровска на Фејсбук.


И министерот Османи на својот фејсбук профил напиша дека има одлични вести од Вилнус и дека по членството на Финска, ова е најважниот политичко – безбедносен настан.

– За време на НАТО самитот се постигна политички договор со кој нашиот сојузник Шведска се приклучува во трансатлантското семејство, продолжувајќи го патот до полноправно членство како 32 земја – членка на НАТО. По членството на Финска, ова е најважниот политичко – безбедносен настан кој не само што значително ја зајакнува моќта на Алијансата, туку и силно ќе влијае на долгорочната безбедност и стабилност на Европа, напиша Османи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK