Пендаровски се сретна со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

pendarovski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, кој престојува во нашата држава по повод учеството на Преспа форум за дијалог 2023.

Како што соопштија од Кабинетот на претседателот, на средбата се разговараше за развојот на севкупните билатерални односи меѓу двете држави во изминатите 30 години и можностите за унапредување на соработката за темите од заеднички интерес.


Пендаровски се сретна со лорд Стјуарт Пич, Специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Пендаровски ја истакнал важноста што нашата држава ја придава на досегашната британска поддршка во повеќе области и форми и изрази очекување таа да продолжи во иднина.

Двајцата соговорници размениле мислења и информации за актуелните состојби во поширокиот регион, особено во контекст на руската агресија врз Украина, како и за одговорот на двете држави во рамки на НАТО Алијансата во однос на ова прашање.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK