МЗ: Раскинат договорот за новата штипска болница, следува тендер

mz
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Договорот со изведувачот „ИНТРАКАТ“ за новата штипска болница е раскинат на 29 јуни. Потребно е да се направи преглед, односно пресек на активностите, по што ќе се распише тендер за нов изведувач, согласно заклучок од Влада, информираат попладнево од Министерството за здравство.

– Во рок од 42 дена треба да се достави „Проект на изведена состојба“, да се подготви нова тендерска документација и во рок од 30 дена да се објави нова јавна набавка, се додава во соопштението.


Поднесени биле барања за активирање банкарски гаранции, во износ од шест милиони евра и тие се реализирани.

– Рокот за изградба бил 30 јуни 2023 година, а досега се реализирани само 30 отсто, се истакнува во соопштението.

Премиерот Димитар Ковачевски неодамна во Свети Николе изјави дека Владата донесе законска одлука врз основа на која ги задолжи и министерствата за здравство и финансии и другите институции, по најитни постапки, да направат ревизија на проектот, до каде се изведени градежните работи и веднаш да се отпочне постапка за изнаоѓање на изведувач што ќе ја доврши клиничката болница во Штип.

Според него, императив е да има нова болница во Штип, која им е потребна и на штипјани, меѓутоа и на луѓето од околината.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK