Резолуцијата на германскиот Бундестаг со силна поддршка за европскиот пат на земјава и признавање на македонскиот јазик и идентитет е уште една потврда за државничките политики на СДСМ.
Меѓународната поддршка никогаш не била посилна, а тоа ќе се потврдува и со следни резолуции на пријателски земји.
СДСМ со своите коалициски партнери успеа да го зацврсти и дополнително да го афирмира македонскиот јазик и идентитет, успеа по 17 години минати во чекалната да ги започне преговорите за членство во ЕУ.
Сега, токму овој собраниски состав има историска шанса да ја обезбеди европската иднина на сите наши граѓани.
Од друга страна, ДПМНЕ и Христијан Мицкоски не направија ништо ниту за македонскиот јазик, ниту за идентитетот, а уште помалку за европската иднина на државата.
Резолуцијата на Бундестагот покажа дека Мицкоски и ДПМНЕ не лобирале кај своите сестрински партии, не застанале за државниот и национален интерес.
Мицкоски не може да убеди неколку пратеници да поддржат Резолуција а не да направи нешто повеќе.
Згора на се, Мицкоски покажа и големо непознавање на политичките односи со Германија но и со други земји.
Сега Мицкоски можеби има последна шанса да донесе државничка одлука и барем еднаш во сојата политичка кариера да направи нешто за земјата и за народот.
Во името на македонската иднина Мицкоски треба да ја прифати подадената рака и дијалогот да продолжи со работни групи.
ДПМНЕ го промени ставот и не се против уставни измени, прифатија дека ова Собрание има мандат да ги реализира и прифатија учество во заедничка влада. Ова е добра основа дијалогот да продолжи.
Мицкоски е на потег.
Прес-конференција на пратеникот на СДСМ, Миле Талевски