Нашата цел е да се залагаме што побрзо да влеземе во ЕУ, вели заменик претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ, кој одговараше на новинарско прашање, како го оценува оптимизмот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети дека за три до четири години нашата земја ќе влезе во ЕУ.
-Ние ги започнавме преговорите минатата година, тие во просек траат четири до пет години. Така што тоа толку и не е неостварливо, ако работиме од двете страни, секако дека мораме да бидеме оптимисти, но и реални. Владата зацрта цел до 2030 година, да стане членка на ЕУ. Три-четири е многу скоро, но за три-четири години можеме да се поместиме многу во преговорите со ЕУ, доколку работиме и се разбира доколку ЕУ зацрта една агенда, тие три-четири години бидат искористени максимално и ќе бидеме неповратно ќе бидеме отидени брзо кон членство, вели Маричиќ.
Прашан што на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе му биде понудено на маса на лидерската средба со Димитар Ковачевски лидер на СДСМ и воедно претседател на Владата на Република Северна Македонија, Маричиќ рече дека не може да одговори, бидејќи станува збор за лидерска средба и не може да говори во името на премиерот, Ковачевски.
-Очекувам да бидат поставени сите прашања со уставните измени, да се разговара околу самиот текст и околу процесот како да се изведат тие најбрзо и наједноставно со цел да ги продолжиме преговорите и да ја отстраниме евентуалната блокада. Мислам дека само дијалогот е најдоброто решение и пред да започне процедурата во Собрание, логично е да седнат лидерите на најголемите политички партии, да поразговараат. Владата ќе биде конструктивна и секогаш ќе биде конструктивна, вели Маричиќ.
Посочи дека она што е важно е опозицијата да ја сфати својата одговорност во носењето на овие одлуки.
-Тие ја пропуштија таа шанса за НАТО, за Преспанскиот договор, не треба, еве им се дава прилика да не ја пропуштат овој пат, со тоа што овој пат текстот, содржините на измените е далеку, далеку, да речеме е со помала тежина и предизвикува помали проблеми, во однос на тоа што било претходно, рече Маричиќ.
Забележа дека ништо не гледа спорно зошто во Усатовот не би требало да се впишат уште неколку заедници, кои какошто вели Маричиќ се и онака граѓани кои живеат во земјава.
Вицепремиерот за европски прашања, Маричиќ е дециден доколку не се направат уставните измени, дефинитивно ќе биде испуштена шансата за влез во ЕУ.
-Има некое чувство кај дел од опозицијата дека не е битно кога ќе бидат измените и дека можат да се направат по три години и по четири години. Мислам дека тоа е едноставно губење на време, коешто не можеме да го вратиме и коешто може да предизвика уште десет години да останеме во чекалната, вели Маричиќ.
Смета дека сега е моментот и кога се отвара патот кон ЕУ, какошто вели тоа се пораките од Брисел, претседателката на Европската комисија и од сите останати добронамерни сојузници на нашата држава.
-Затоа реков одговорноста на опозицијата е огромна и не може да се избегне. Знам дека би сакале најмногу некој друг да ги реши проблемите за нив, но дел од нив ќе мора да учествуваат во оваа одлука. Јас верувам дека ќе дојдеме до таа точка и нема да ја пропуштиме шансата, додаде Маричиќ.
Прашан како ја коментира понудата на Мицковски за обединување на македонските политички партии, за да се развласти ДУИ, Маричиќ ова го смета како маневраски потег за купување време и за собирање на евтини политички поени.
-Мислам дека одговорноста на секоја политичка партија не може да се отстрани со коментирање и напаѓање на друга политичка партија. Време е Мицкоски и сите други во ВМРО-ДПМНЕ да се соочат со дека имаме шанса да донесеме одлука заедно. Никој нема да биде обвинуван, бидејќи не го нарушува концептот на нашиот Устав, ниту на нашата држава, ниту го допира македонскиот идентитет, вели Маричиќ.
Тој истакна дека за евентуални коалиција најверојатно може да се разговараат понатаму, но смета дека најдобро ќе се постигне македонското национално единството доколку сите големи партии гласаат за уставните измени и го отворат пат кон ЕУ.