Ковачевски: Стратешка цел е да станеме членка на ЕУ до 2030, ни претстојат политички одлуки кои ќе ни го отворат патот

kovacevski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Стратешка цел на Северна Македонија е полноправното членство во ЕУ до 2030 година. Скрининг процесот треба да заврши многу скоро, и ни претстојат политички одлуки со кои ќе се овозможи отворање на кластерите и поглавјата, истакна премиерот Димитар Ковачевски по пристигнувањето во Кишињев каде што придружуван од заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, ќе учествува на вториот Самит на Европската политичка заедница.

За тоа, како што посочи, вчера во Братислава разговарал со претседателката на Европската комисина Урсусла фон дер Лајен и со францускиот претсдеател Емануел Макрон.


– Претседателката на ЕК, којашто по состанок со мене тоа го сподели на многу експлицитен начин дека сега е времето кога треба да се донесат одлуките за да Северна Македонија го продолжи патот кон евроинтеграцијата и до 2030 година да станеме членка на ЕУ. Исто така имав состанок со претседателот на Франција на кој разговаравме во детали за процесот кој следи, го информирав за тоа дека се започнати уставните измени, практично предлогот на иницијативата е направен од работната група, доставен до Министерството за правда, ќе биде доставен до Владата, кој подоцна ќе оди во Парламент, рече Ковачевски.

Претходно, како што најави, ќе има состанок со претседателот на најголемата опозициска пратија ВМРО – ДПМНЕ и нивниот тим на кој ќе го сподели планот, и очекува да се донесат одлуки кои ќе овозможат подобра иднина за граѓаните.

– По јасната и многу силна порака на американскиот сенатор Марфи и амбасадорите во државата, вклучувајќи ја тука и американската амбасадорка, холандскиот амбасадор во делот на интеграцијата на државата, сега сметам дека на сите во нашата држава им е јасно дека прво, имаме предлог преговарачка рамка доставена од 27 земји членки на ЕУ, дека таа преговарачка рамка нема да биде преговарана, бидејќи навистина ги содржи нашите барања кои што ги имавме, а тоа е чист македонски јазик, потврден и со договорот Фронтекс, заштитен македонски идентитет, она што претстои пред нас е една од многуте одлуки до влегување во ЕУ, а тоа е вклучување на други делови од народи во нашиот Устав, вклучително и бугарскиот народ. Со тоа се постигнува уште една многу значајна цел, бидејќи конечно веќе ќе се стави крај на тезата дека се работи за еден народ во две држави, за прв пат ќе имаме во Уставот и Македонци коишто се веќе, меѓутоа тука сега ќе бидат јасно диференцирани и Бугарите со што таа теза веќе еднаш засекогаш ќе заврши и нема да биде тема на разговор, изјави Ковачевски.

Посочи дека темата на македонскиот јазик е затворена со потпишувањето на договорот со Фронтекс, каде што македонскиот јазик е заедно со сите други јазици на земјите членки на ЕУ, одобрени од сите држави ленки.

– Вклучително со македонскиот јазик, е затворена и другата тема, македонскиот идентитет ќе биде дел од мозаикот на културните вредности на ЕУ и со тоа сметам дека веќе е јасно дека пред нас има одлука за Европа или за изолација, истакна Ковачевски.

Премиерот Ковачевски во Кишињев денеска беше пречекан од претседателката на Молдавија, Маја Санду.

Клучните теми на Самитот Европската политичка заедница ќе бидат поврзани со изнаоѓање начини како Европа да се поврзе подобро, со цел да се обезбеди подобра комуникација меѓу луѓето, подобри телекомуникациски системи, подобра инфраструктура вклучително и енергетска инфраструктура, како клучни предуслови за политичката интеграција на регионот, особено на земјите од Западен Балкан, како и за забрзување на интеграцијата на земјите како што е Северна Македонија.

Во изјавата за медиуми, премиерот Ковачевски посочи дека во текот на денот ќе оствари средби со повеќе државници присутни на вториот Самит на Европската политичка заедница како средба со премиерката на Данска, премиерот на Молдавија и други.

Ковачевски повтоти дека стратешка цел на државата е полноправното членство на Северна Македонија во ЕУ. Европската политичка заедница, вели, не е замена за процесот на интеграција, туку напротив заедница која ќе обезбеди подобра соработка на целиот регион во насока на надминување на предизвиците со кои се среќава Европа, а кои се предизвикани од руската воена агресија врз Украина. Ковачевски посочи дека настани како денешниот во Кишињев се одлична основа за креирање политички одлуки кои ќе обезбедат поголема поддршка за сите граѓани.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK