Ковачевски: Станува збор за стратешки и европски поврзани коридори и затоа законите се разгледуваат на Комисијата за европски прашања

kovachevski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со оглед на тоа дека овие, како и низа други закони беа блокирани во Собранието, а имаат за цел унапредување на различни делови во нашето општество, беше одлучено да одат на Комисијата за европски прашања, која обезбедува нивно побрзо усвојување и побрзо работење на терен. На граѓаните им се потребни коридори, а не дневно политички препукувања, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговорајќи на прашањето за означувањето со европско знаменце на законските измени поврзани со коридорите 8 и 10д.

Како што напомена, станува збор за стратешки и европски поврзани коридори, и затоа Парламентот вчера одлучи овие закони да се разгледуваат на Комисијата за европски прашања.


-Станува збор за два исклучително важни коридора, но и за други стратешки инвестициски проекти кои се прават или ќе се прават во државата, во делот на патната, железничката или енергетската инфраструктура. Владата поднесе пет измени на закони, односно усогласувања, за да се овозможи побрза и поефикасна градба, но и градба со финансиска конструкција која ќе биде пониска од она што е со постојаната регулатива, рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање, по почетокот на градежните работи на инвестициски проект на компанијата „Магна Мехатроникс“ во ТИРЗ- Штип.

Ковачевски потенцираше дека европската агенда е единствена агенда на оваа Влада во однос на прашањата поврзани со интеграциите на државата.

-Во нашиот Парламент постојат политички партии кои се против зачленувањето на државата во ЕУ, против зачленувањето во НАТО, пред се, тука преднички партијата Левица, но тие во своето заложништво ја имаат земено партијата ВМРО-ДПМНЕ, која следи интереси кои се спротивни на националните. Но исто така, и заради тоа што се работи за стратешки и европски поврзани коридори, Парламентот вчера одлучи овие закони да се разгледуваат на Комисијата за европски прашања, додаде Ковачевски.

Тој повтори дека изградбата на автопатите на Коридорот 8 и на Коридорот 10д е најголемиот стратешки проект во историјата на нашата држава со којшто ќе се градат 110 километри автопат. После децении и децении немање автопат кон Албанија и експресен пат кон Бугарија кој што веќе се прави, се овозможува државата да биде поврзана со Коридорот 8. Инаку, Коридорот 8 до сега никогаш не беше на мапата на паневропските коридори и благодарение на Италија, Албанија, Северна Македонија и Бугарија, веќе овој месец нашиот министер за транспорт и врски во Брисел ќе го потпише меморандумот во однос на ставањето на коридорот 8 на мапата на паневропските коридори, како што е коридорот 10 и единствен коридор во државата кој што ние до сега го имаме, рече Ковачевски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK