Премиерот Димитар Ковачевски на свечениот пречек на шефовите на делегациите, денеска во Вилнус на Самитот на НАТО беше пречекан од претседателот на Литванија, Гитанас Науседа и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Како што соопшти владината прес-служба, Самитот на НАТО во Вилнус на едно место ги собра претставниците од 31 земја членка на Алијансата, шефови на држави и влади на земјите партнери како Австралија, Украина, Грузија, Босна и Хервцеговина, Молдавија, Јапонија, Република Кореја, Нов Зеланд, како и претседателите на Европскиот Совет и Европската Комисија.