Ковачевски – Поуп: Северна Македонија придонесува во управувањето со миграцијата и безбедноста во Европа

kovachevski poup
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во пресрет на официјалното отворање на Преспа форум за дијалог 2023, се сретнал со Ејми Поуп, новоизбрана генерална директорка на Меѓународната организација за миграција (IOM).

Како што соопштија од владината прес-служба, премиерот Ковачевски и го честитал изборот на Поуп, која треба да стапи на новата позиција од 1 октомври 2023 година, а нејзината кандидатура беше поддржана од Република Северна Македонија и ѝ посака успешен мандат, како прва жена на чело на Меѓународната организација за миграција (IOM).


На средбата, како успешна била оценета соработката со Владата, во делот на одговорот на кризи, управувањето со миграцијата и податоци и ресурси, што е констатирано како значајно, посебно земајќи ја предвид состојбата со присуството на мигранти на јужната граница, односно меѓу Северна Македонија и Република Грција.

Премиерот Ковачевски нагласил дека Северна Македонија има усогласени активности и политики со европските партнери во однос на миграциските прашања. И, продолжува активно да соработува со Меѓународната организација за миграција, препознавајќи го доброто управување со миграцијата од важност за безбедноста во регионални и европски рамки и како прашање од важност во Агендата за одржлив развој 2030 година.

– Ефективното управување со миграцијата е меѓу приоритетите на Владата, особено во делот на раното откривање и спречување илегални преминувања и движења долж балканската рута, со фокус на безбедноста на границите, рече премиерот Ковачевски, се наведува во соопштението.

На состанокот заеднички било истакнато значењето на зајакнувањето на прекуграничната соработка, како еден од главните предуслови за ефикасно управување со илегалната миграција.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK