Караванот на СДСМ „Рамо до рамо до победа“ Карбинци, Крива Паланка, Куманово, Прилеп, Ресен, Сарај, Чаир, Чучер Сандево

sdsm 3434
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Под слоганот „Рамо до рамо, до победа“ СДСМ денеска беа на терен во Карбинци, Крива Паланка, Куманово, Прилеп, Ресен, Сарај, Чаир, Чучер Сандево

Во општина Чаир беше заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска, која со присутните разговараше за повеќе актуелни теми и прашања, а се осврна и на евроинтегративниот процес и неопходните реформи потребни тој да продолжи.


-Граѓаните сакаат да бидат дел од Европската унија и немаат време за губење. Затоа што знаат дека членство во ЕУ значи подобар и повисок животен стандард, подобри услови за бизнис, повеќе шанси за младите. Имаме историска шанса којашто треба да ја искористиме сега. Денеска Германија уште еднаш силно ја потврдува поддршката за европскиот пат на земјата и за идентитетот за што сме особено благодарни. Оваа поддршка треба да ја искористиме, имаме историска шанса за тоа, рече заменик претседателката Сања Лукаревска на маалска средба во скопски Чаир.

Затоа, дијалогот со опозицијата треба што поскоро да продолжи, додаде таа.

-Добро е тоа што Мицкоски веќе не се противи на уставните измени, дојдовме до таа точка да сега сите партии се согласни дека овој парламентарен состав го има целиот легитимитет и мандат да ги спроведе уставните измени.  Дијалогот треба да продолжи, затоа Мицкоски треба што поскоро да одреди тим кој ќе учествува во процесот на спроведување на уставните измени, важни за продолжување на нашиот европски пат.  Сега, треба сите да ја покажаме одговорност и заедно да ја реализираме една од најважните стратешки определби – полноправно членство во ЕУ, порача Лукаревска пред чаирчани.

Со жителите на Карбинци, на маалска средба беа генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски и претседателот на комисијата за транспорт и врски, Митко Трајчулески, а пратеничката на СДСМ, Санела Шкриељ беше со граѓаните на општина Чучер Сандево.

Денеска очекуваме уште еднаш силна поддршка од Германија која испраќа и моќна порака, рече Зечевиќ и додаде дека сега од нас зависи дали ќе ја искористиме и ќе ја претвориме во пресвртница за иднината. Време е, нагласи, треба да застанеме заедно, наместо политички антагонизам да обезбедиме национално единство заради доброто на народот и европската иднина на земјата.

– Денеска македонската држава уште еднаш добива силна поддршка во самата Европска унија, а ние како народ потврда и уште едно признание за нашиот македонски јазик, култура и посебност. Резолуција во германскиот Бундестаг не е само симболичен израз на поддршката што ја имаме од Германија, туку испраќа и моќна порака. Прво за исправноста на патот по којшто се движиме и второ почит, кон нас како народ со сета своја посебност, кој има направено многу досега за европските вредности. Сега од нас зависи дали сета оваа поддршка што ја имаме, за прв пат во историјата толку изразена од највлијателните светски држави, ќе ја искористиме. Имаме шанса, сите ние заедно, оваа силна поддршка да ја претвориме во пресвртница за македонската иднината. Затоа, уште еднаш, ја повикувам ВМРО-ДПМНЕ да застанеме рамо до рамо, да ни се приклучат, заедно да ја донесеме одлуката и да обезбедиме остарување на стратешка цел: членство во ЕУ, рече Зечевиќ.

Караванот на СДСМ по мотото „Рамо до рамо до победа“ денеска продолжи во општина Крива Паланка, каде средби со граѓаните имаа Љупчо Николовски и Богданка Кузеска, и во Куманово каде со граѓаните разговараа Никица Бачовски и Мухамет Точи.

– Нашата држава, нашиот народ имаат историска шанса за продолжување на процесот на интеграција во Европската унија. Таа шанса сега треба да ја искористиме. Германија денеска испраќа уште една силна порака, нашиот македонски јазик и идентитет се обезбедени. Знам дека народот му е јасно што значи членството, подобар стандард, повисоки плати, нови фондови, засилен економски раст и развој. Членство во ЕУ пристап до пазар од речиси 500 милиони жители, за нашите компании, но и за нашите земјоделски производи. Затоа потребна ни е одлука сега, конечно да го оствариме сонот на многу македонски генерации и да успееме, истакна членот на ЦО на СДСМ Љубчо Николовски, додавајќи дека добро е што ДПМНЕ нема ништо против  уставните измени.

Според Николовски, после една година ова е значајна промена. Дојдени сме, подвлече, до една точка од којашто треба да се продолжи понатаму да се разговара и да не се навраќаме наназад.

– Да одиме кон интеграција во ЕУ, наместо кон изолација. Рамо до рамо во интерес на граѓаните и идината на државата, заедно да најдеме решние, порача Николовски.

Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска истакна дека граѓаните и државата немаат повеќе време за губење.

– Клучно е дијалогот да продолжи, преку разговор да се најде соодветен модел за уставни измени којшто ќе биде во рамки на преговарачката рамка. Јасно е дека се потопени сите лаги и хистерии на ДПМНЕ за бугаризација и асимилација, македонскиот јазик и идентитет во Европската унија се заштитени, се очекува уште една силна потврда денеска да пристигне со усвојување на Резолуција во германскиот Бундестаг, рече Кузеска.

Со граѓаните на Куманово беа Никица Бачовски и Мухамет Точи, кои се осврнаа, пред се на политиките на СДСМ во земјоделскиот сектор, кои даваат очигледни резултати за земјоделците и го унапредуваат и модернизираат земјоделството.

Над 60 милиони евра субвенции се исплатени за само два месеци за 78.000 земјоделци во државата, а оваа година за прв пат започнуваме со авансна исплата на субвенциите, рече Бачовски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK