Грковска: Пораките од меѓународни сојузници во борбата со корупцијата мора да бидат разбрани од домашните правосудни органи

grkovska
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска очекува реакција од домашните правосудни органи откако САД вчера за персона нон грата го прогласија струшкиот градоначалник Рамиз Мерко поради неговата вмешаност во значителна корупција.

-Јасните пораки и конкретните чекори кои ги преземаат нашите меѓународни сојузници во борбата со корупцијата мора да бидат соодветно разбрани од домашните правосудни органи. Бидејќи нивната основна улога е да обезбедат еднаквост на граѓаните пред законот и да испорачуваат ефективна и неселективна правда, порача вицепремиерката Грковска на Фејсбук.


Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK