Џафери ќе учествува на Состанокот на спикери на парламенти на земји членки на НАТО

dzaferi
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во организација на Сејмот на Литванија, претседателот на Собранието, Талат Џафери ќе учествува на Состанокот на спикери на парламенти на земји членки на НАТО, кој се одржува од 2 до 3 јуни 2023 година во Вилнус.

Како што информира собарниската Прес-служба, во состав на делегацијата се пратениците Миле Талевски, Драган Ковачки и Вјолца Адеми.


На овој настан ќе учествуваат претседателите на парламентите на земјите членки на НАТО, претседателката на Парламентарното собрание на НАТО, Жоел Герио Мејлам, помошник-генералната секретарка на НАТО за јавна дипломатија, Баиба Браже, во име на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и претседателот на Врховната Рада на Украина, Руслан Стефанчук.

Претседателот на Литванија Гитанас Науседа и претседателката на Сејмот, Викторија Чмилите Нилсен со своите воведни обраќања ќе го отворат овој настан, кој, како што се наведува, се одржува првпат во историјата на НАТО во ваков формат.

Дискусијата е поделена на три панели: Глобални предизвици, глобални партнери, глобално НАТО, Внатрешна трансформација: зголемување на трошоците за одбрана, зајакнување на силите за одвраќање и одбрана и Силна и независна Украина: план за долгорочна поддршка на Украина, а претседателот Џафери е предвиден за клучен говорник во првиот панел од страна на организаторот.

На маргините на состанокот, како што се наведува, за учесниците е предвидено следење на демонстративна вежба изведена од припадници на борбената група на НАТО „Зајакнато истурено присуство“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK