ДУИ: Америка со силна порака до ВМРО, гласајте за уставни измени

dui
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Скопје, 14 мај 2023

Демократската унија за интеграција оценува дека реакцијата на американскиот Стејт департмент и повикот на специјалниот претставник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, до ВМРО и Левица да го поддржат европскиот пат на земјата и да гласаат за уставните измени е јасен сигнал на кој треба да се обрне внимание.


Ако до вчера нашите повици и барања за конструктивност се сметаа за субјективни и постојано беа игнорирани од страна на опозицијата, потврда за нивната рационалност е директната порака на САД за прекин на блокадата и заложништвото на европската иднина на земјата.

Сметаме дека е дојдено време опозицијата да рефлектира, не само на декларативен аспект, да покаже конструктивност во решавачките моменти кога треба да го забрзаме чекорот кон Европа.

Демократската унија за интеграција е убедена дека кај македонската опозиција има европски дух кој ќе триумфира над конфузијата и субјективниот протагонизам.

Најголемиот непријател на државата е стагнацијата, затоа сите да понесеме одговорност размислувајќи пред се за иднината на нашите деца.

 

Демократската унија за интеграција (ДУИ)

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK