Директорот на Царинската управа Стефан Богоев оствари средба со претставници на синдикати

stefan bogoev
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Директорот на Царинската управа, Стефан Богоев денеска одржа средба со претставници на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) и Независниот синдикат на Царинската управа.

Ова е негова прва официјална работна средба по преземањето на должноста прв човек на Царината,  а се одржа по протестот на вработените во Царината пред зградата на управата.


На средбата, Богоев бил запознаен со барањата на синдикатите, кои првенствено се однесуваат на обезбедување на додаток на платите на вработените, согласно Законот за Царинска управа и Колективниот договор.

– Директорот Богоев истакна дека ги почитува правата на вработените, кои се регулирани со соодветни закони или колективни договори. Ги извести дека е закажана и ќе се одржи средба со министерот за финансии, каде тој ќе го истакне и ова прашање. Дополнително, Богоев информираше дека е планирана консултативна средба и со директорката на Управата за јавни приходи, како и интерни средби со раководителите во Царинската управа за подетално запознавање со можностите за изнаоѓање на решение за поставените барања и најави дека по одржаните средби, ќе продолжи соработката со синдикатите, соопшти службата за информирање на Царината.

Истакнато било дека неодамна е потпишан нов Колективен договор на Царинската управа во координација со двата синдикати со кој, како што соопштуават, на вработените им се овозможи усогласување со минималната плата, надомест за домашно дежурство, платено осигурување, зголемување на бројот на денови за годишен одмор и други поволности.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK