Пратеничката Гордана Силјановска-Давкова ги искритикува уставните измени за вметнување на Бугарите во Уставот. Таа им кажа на премиерот Димитар Ковачевски и гостите од Владата присутни во салата со 61 пратеник да ги донесат измените, како што тоа го направиле кога гласаа заклучоци наместо преговарачката рамка. Според неа, ова што се бара од Македонија е спротивно на европските вредности без кои Европската Унија нема да биде политички систем туку машинерија на комесари. Децидна е: „Не можеме именик да правиме од Преамбулата, патот до Брисел не може да води преку Софија“.
„Никогаш и никаде Преамбулата не била гаранција или место за промоција на етнички идентитети, туку таа е филозифијата на Уставот, духот, метафизиката. Е господа, духот го нема. Кога нешто менувате не поради граѓаните и демократијата туку поради тоа што некој што е заштитете тоа го бара, вие станувате ‘фауст’. Нормативниот дел го изгуби духот“, кажа Силјановска-Давкова.
Таа кажа дека легитимитетот за уставни измени го даваат граѓаните, а не Европската Унија.
„Прашањето е од кого ни извира легитимитетот за уставни измени, од граѓаните или Европската Унија? Од каде го добивте легитимитетот? Да ве потсетам дека суверинитетот им припаѓа на граѓаните. Не треба ли да ги прашаме дали се за ваква измина? Вие господа, гости од Владата ги прифативте уставните измени и се согласивте да влезете во преговарачката рамка преку протоколот, ама заборавивте дека не сте законодавен орган и не можете законодавни обврски да преземете“, додаде таа.
Потсети дека од 2009 година, Македонија добила најмалку 15 „да“ од ЕУ и ЕК. Немало забелешка од Бугарија.
„Јас честопати ги лажам студентите, дека Уставот треба ретко да се менува со раце кои треперат од одговорност – ама рацете ги искршија пратениците различни во овој Парламент менувајќи го Уставот. Ако промената на Уставот е евроинтегративен фактор, ние ќе претседававме со ЕУ. Ама се уште не е така“, кажа Гордана Силјановска-Давкова.
Таа кажа дека не смее да се зборува за изолација од страна на ЕУ.
„Не можам да не кажам и да ги потсетам пратениците од СДСМ на еден гуру Јирген Хабермас (ермански филозоф и социјален теоретичар*) кога зборува за уставен патриотизам. За жал него го нема, но бевме сведоци дека Европа не чекаше нас, односно претседателот на Собранието зад мене кој нема никакво разбирање за уставен патриотизам. Се однесувавте како Гари Купер и дојдовте точно на пладне иако требаше да почнеме во 11 часот. Моето прашање е што би рекол господинот Бадентер, некогашниот претседател на ЕК, кој ги оценуваше Уставите, кога препорача да се усвои амандман на Уставот во кој ќе напиешеме дека немаме територијални претензии и дека портите на Европската заедница за нас ќе бидат отворени. И така како во 101 приказна, истото го слушаме“, додаде пратеничката.
Децидна е дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не се против ЕУ и Бугарија. Посочи дека таа има забелешка на сите три амандмани.
„Лаички е пристапот, дури и насловот е погрешен. Никаде нема Устав каде се зборува за делови од народи во кои се зборува за заштита на дијаспори надвор, па ние ќе ја штитиме бугарската дијаспора надвор, која е во вековен судир со македонската најава. Образожението ви е уставна катастрофа. Се повикувате на Универзалната декларација за слободите и правата, наместо на Рамковната конвенција за заштита на правата малцинставата и на Конвенцијата за регионални и малцински јазици. Каде ви се тие експерти-аматери?“, праша Силјановска-Давкова.