(Видео) Ристова: Силна поддршка за земјоделството и стопанството, 98% искористеност на ИПАРД средствата од ЕУ

Видео-Ристова-Силна-поддршка-за-земјоделството-и-стопанството-98-искористеност.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Земјоделство е една од најзначајните македонски гранки, кои СДСМ во изминатите години успешно ги развива со силна поддршка и реални политики во интерес на земјоделците, рече на денешната прес конференција пратеничката од СДСМ Лолита Ристова.


– Дополнително обезбедивме и силна поддршка за земјоделците преку европските програми, за инвестиции во опрема, машини и уреди за преработка. Со ваков пристап, станавме лидери во искористеност на ИПАРД средствата од 98% и прва земја во регионот којашто е подготвена да започне со ИПАРД 3 програмата. Ја поедноставивме административната процедура, ги доближивме мерките до сите заинтересирани, и најважно, земјоделците ги препознаа придобивките. Резултатот е склучени над 2.300 договори во ИПАРД 2, и нови неповратни 97 милиони евра за модернизација на македонското земјоделство преку ИПАРД 3 програмата. 60% повеќе пари за македонското земјоделство и стопанство. Ова е пример како вистинските политики, поддржани од ЕУ даваат конкретни резултати, – рече Ристова.

Таа апелира до сите заинтересирани земјоделци и агробизнисмени, производители на храна да ги искористат мерките од ИПАРД 3 програмата.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK