(Видео) Пендаровски на одбележувањето на 80 годишнината од битката кај село Кленоец

Видео-Пендаровски-на-одбележувањето-на-80-годишнината-од-битката-кај.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше и се обрати на одбележувањето на 80 годишнината од битката кај село Кленоец. Тој положи свежо цвеќе на меморијалниот споменик на паднатите борци.


„Манифестот ја дава конкретната програма и насоки за натамошниот тек на антифашистичката борба до конечно ослободување и ги исцртува контурите на идното уредување на македонската држава. Но, исто така, Манифестот предупредува дека и покрај големите победи и ослободените територии, на македонскиот народ му претстојат уште многу тешки и крвави борби со фашистичкиот окупатор и неговите соработници, до целосното и конечно ослободување на Македонија.

Првата таква борба се случила само три дена подоцна, на 6 октомври 1943-та, тука во Кленоец. Иако поради тешките загуби битката кај Кленоец била привремено загубена, сепак, патот кон добивање на војната бил целосно отворен. Со последователните воени акции, како Февруарскиот поход, беше трасиран патот до АСНОМ и прогласување на слободна македонска држава за прв пат во нашата историја.

Денеска сме тука собрани, да се потсетиме дека цената за нашата слобода е запишана на секој споменик и секој паметник од народноослободителната војна, вклучително и на овој, тука, во Кленоец. На оваа плоча се врежани имињата на борците кои беа подготвени да ја платат и највисоката цена за нашата слобода, со сопствените животи“ рече Пендаровски.

За да можеме да се наречеме нивни достојни наследници, рече Пендаровски, мораме да го чуваме она за што тие се бореа – слобода, правда, соживот и демократски вредности. Преку граѓанско и национално помирување, преку владеење на правото, преку подигнување на квалитетот на животот, наша должност е да ја вратиме надежта кај младите генерации дека можат да се остварат и тука, во својата татковина, порача претседателот на државата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK