(Видео) Митева: Нови 3 милиони евра на тендер од Пановска за Пановски

Видео-Митева-Нови-3-милиони-евра-на-тендер-од-Пановска.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева на денешната прес-конференција обвини дека здравството во земјава наместо да биде извор на лек и спасување на животи, стана извор на сомнителни тендер. Милионските бизниси и фаворизирањето на семејни фирми, како што рече, не е новитет за оваа влада, а во секторот здравство, според Митева, тоа е и најизразено.


Таа зборуваше за, како што ја нарече, т.н. годишна пракса од клиниката за хематологија каде директорка е Ирена Пановска Ставридис да се даде тендер на веледрогеријата Д-р. Пановски каде сопственик е нејзиниот татко.

„Тендер вреден над 3 милиони евра!

Ова е договорот кој што е склучен на 01.09.2023 година за набавка на стоки склучен помеѓу ЈЗУ УК за Хематологија како договорен орган и АД Д-р Пановски како носител на набавката. Од документацијата можат да се забележат неколку работи. Прво, станува збор за единствен понудувач односно на овој тендер како единствен понудувач се јавила токму фирмата на таткото, додека ќерката е директорка на клиниката која го распишува огласот. Дополнително, при склучување на договорот клиниката за хематологија е застапувана од заменик претседател на Управен Одбор која пак е овластена со решение да може да склучува договор, а одлуката за избор на најповолен понудувач е донесена од Директорот кај договорниот орган односно ќерката за најповолен понудувач го избрала таткото.

Ова не е прв договор кој сопственикот на АД Д-р. Пановски го добива од својата ќерка. ДКСК веќе еднаш отвори случај пред неколку години, кој се уште нема никаква завршница за други тендери исто така во висина од 3 милиони евра кои биле дадени од ќерката на таткото Пановски“ рече Митева.

Ова, според неа, е доказ дека неказнивоста на криминалот значи поддршка на криминалот.

„Власта на СДС и ДУИ нема кочница, за нив залудни и безначајни се безбројните скандали кои го урнисаа здравството кога за истите нема одговорност, туку напротив СДС и ДУИ продолжуваат да го стимулираат создавањето на бизнис империи“ порача Митева.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK