Вицепремиерот Груби се огласи со извинување по објавите за запаленото возило во Чаир

grubi_3454354334
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Им се извинувам на сите мои соседи во мојата населба за големото вознемирување синоќа пред нашата зграда само поради мојата професија. Исто така, му се извинувам на мојот пријател и неговото семејство за предизвиканата штета само поради мојата професија, напиша првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи со заедниците, Артан Груби на неговиот профил на Фејсбук, откако беше објавено дека ноќеска е опожарено возило во Чаир.

Груби наведува дека „е во политиката за да служи и да остави трага со работа и дела, а не да му се тероризира семејството, соседите и пријателите“.


-Континуираните закани и последователни напади ги сметам за кукавички и подмолни, но немам намера да запрам и да престанам да работам и да ги исполнувам очекувањата на граѓаните. Се извинувам што мојата и вознемирувањето на моето семејство се претвори и во грижа и вознемиреност и на соседите и на пријателите. Се извинувам што мојата и вознемирувањето на моето семејство се претвори и во грижа и вознемиреност и на соседите и на пријателите.
Изразувам благодарност до сите мои соседи како и до безбедносните сили и нивните напори да го решат синоќешниот напад. Ви благодариме и на сите вас за големата поддршка!, стои во објавата на Груби.

Претходно,  дел од медиумите објавија дека ноќеска бил опожарен автомобил на Груби, а од Министерството за внатрешни работи на прашање од МИА информираа дека има пријава за опожарено возило, но во сопственост на Б.Л. од Скопје.

– Околу 03.30 часот пријавено е дека на ул.„Струмичка” настанал пожар во патничко возило „ауди” со скопски регистарски ознаки, сопственост и паркирано од Б.Л. (35) од Скопје, информираа од МВР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK