Уставните измени централна тема на средбите Ковачевски – Шолц во Берлин, опозицијата без промена на ставот

ko vacevski-sholc
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Уставните измени беа во фокусот на синоќешната средба на премиерот Димитар Ковачевски и германскиот канцелар Олаф Шолц, кој рече дека сега од централно значење е планираната промена на Уставот за да се ослободи патот за ЕУ.

-Германија сериозно ја сфаќа ЕУ перспективата на Северна Македонија. Сега од централно значење е планираната промена на Уставот, за да се ослободи патот за пристапниот процес во ЕУ, истакна Шолц на заедничката прес – конференција со Ковачевски.


Шолц посочи дека Германија сериозно ја сфаќа ЕУ перспективата на земјите од Западен Балкан, а тоа посебно важи за Северна Македонија.

-Имаме голема почит за македонскиот идентитет, јазик и историја и за огромните напори што Северна Македонија ги прави на патот со реформи кон ЕУ. Сега од централно значење е планираната промена на Уставот. Од нејзиниот успех зависат многу нешта. Знам дека тоа не е едноставен чекор, но е потребен за да се ослободи патот за пристапниот процес во ЕУ. Оттука сакам да ја охрабрам Северна Македонија да продолжи по патот на реформите со своите заложби. Реформите не се апстрактни барања. Уште сега имаат сосема конкретни позитивни влијанија за граѓаните, рече Шолц.

Germany takes North Macedonia’s EU perspective seriously. The constitutional amendments are of central importance now, in order to unlock the country’s EU accession path, said German Chancell

Германскиот канцелар, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека пристапниот процес на Северна Македонија треба да биде редовен согласно напишаното на хартија и не треба да има нови условувања, кои се однесуваат на билатералната состојба.

-Ќе бидам јасен. Тоа е јасно договорено, и треба да биде редовен пристапен процес според постапките кои се управуваат од ЕУ. Тоа се работи кои се веќе напишани на хартија и не треба да дојдат други што се однесува до билатералната состојба. Јас гарантирам за тоа, рече канцеларот Шолц прашан дали е прифатлива за него изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев дека уставните измени се само прелиминарен услов за земјава и дека со нив не се исцрпени сите услови за државата да ја почне втората фаза од преговорите.

A new chapter has begun on North Macedonia’s European path, the end goal is full-fledged EU membership and now this depends only on us, this is a historic chance and we mustn’t miss it, said

Премиерот Димитар Ковачевски ги повтори определбите на неговата Влада и коалиција – процесот на уставни измени да заврши пред отпочнувањо на втората меѓувладина конференција. Без да соопшти кога тие ќе бидат испратени во Собранието рече дека уставните измени се веќе подготвени во Министерството за правда и оти Владата веќе води процес на нивна консултација.

-Определни сме овој процес да се заврши во рамки на потребата, а тоа е пред отпочнување на втората меѓувладина конференција. Заради тоа и Владата и сите коалициони партнери се посветени на одржување на овој дијалог. Јас уште еднаш ги повикувам пратениците од опозицијата да се водат од интересите на граѓаните кои ги избрале во носењето на одлуките. Се друго би значело наместо интеграција, државата повторно да падне во изолација, рече Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање.

Започнато е ново поглавје во нашиот европски пат, потенцираше тој на заедничката прес-конференција, а крајната цел е полноправното членство во ЕУ. -И сега зависи само и единствено од нас, оваа историска шанса која ја имаме, не смееме да ја пропуштиме и треба да го дадеме нашиот глас за Европа, рече премиерот.

Според Ковачевски, со усвоената Резолуција, Берлин ни дава дополнителен поттик за натамошно интензивирање на реформската агенда во сите сфери во нашето општество.

-Сега останува следниот чекор, уставните измени, кои ќе се најдат пред нашето Собрание и нашите 120 пратеници. Очекувам дека тие ќе покажат државничко однесување, ќе бидат на ниво на задачата и ќе донесат одлука со која ќе се овозможи подобра иднина, за нас, за идните генерации, за нашите деца, подвлече Ковачевски.

Во Собранието денеска ќе се одржат седници на комисиите за надорешна политика, за одбрана и безбедност, за финансирање и буџет, како и Законодавно-правната комисија.

Првото гласање за уставните измени поточно за потребата од уставни измени би можело да се случи на крајот на јули, доколку деновиве Владата ги испрати до Собранието. Оваа временска рамка се наметнува по објaснувањето на претседателот на Собранието, Талат Џафери дека од приемот на материјалите до гласањето се потребни 30 дена затоа што максимум десет дена треба да работи Уставната комисија, чиј што претседател е тој, и со работа треба да заврши осум дена пред денот утврден за гласање.

-На седницата на која ќе биде на дневен ред потребата за уставни измени, дебатата трае максимум десет дена, објасни Џафери.

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ истакна дека нивна должност е во најбрз рок да почне парламентарната дискусија за уставните измени.

-Крајот на јули е моментот кога Собранието паузира, па сметам дека треба до тогаш да се случи првото гласање. Целата постапка треба да заврши до крајот на ноември, изјави тој. Потсети дека минатите уставни измени сме ги направиле за три месеци и смета и дека и сега можеме така да направиме.

-Ќе се создат услови за двотретинско гласање. Целата постапка треба да заврши до крајот на ноември. Постои оптимизам дека европската перспектива може да стане реалност со заедничка одговорност на сите парламентарни партии, затоа што членството во ЕУ е одговорност на сите. Нема да се откажеме од дијалогот, дијалогот е најдобро средство и ќе се обратиме до секој пратеник, до секоја политичка партија затоа што сметаме дека сите имаат одговорност, рече Маричиќ.

Сите 44 пратеници се сложни како едно. Нема да прифатиме уставни измени по бугарски диктат и за тоа не треба да има никој дилема, истакна вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во о

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по враќањето од Брисел во обраќање по повод годишнината од смртта на Ѓорче Петров го повтори ставот дека уставни измени по бугарски диктат нема да има и дека 44-те пратеници на ВМРО-ДПМНЕ се сложни дека нема да гласаат уставни измени под овие услови.

Според претседателот на државата Стево Пендаровски, нашиот пат кон Европа е јасен. -Станува збор за преговарачката рамка која ја усвоиме минатата година. Во таа смисла, нови барања од Бугарија не се дозволени, изјави денеска претседателот Стево Пендаровски, прашан како ги коментира изјавите на претседателот на Бугарија, Румен Радев поврзани со уставните измени.

Пендаровски рече дека за време на неговата посета на Подгорица оствариле куса средба со Радев, на која не разговарале за оваа тема, но во однос на неговата изјава посочи дека станува збор за „рециклажа на старата бугарска приказна“.

-Токму денеска ЕУ прославува 30 години од носењето на Копенхашките критериуми, кои се главниот сет на критериуми според кои се влегува во ЕУ. Така што, мислам дека Бугарија е последната држава членка на ЕУ која нам може да ни држи предавања за тоа кои се и што се, и што претставуваат копенхашките критериуми, имајќи во предвид дека Бугарија е држава членка на Советот на Европа која има најмалку почитување на одлуките на Европскиот суд за човекови права. Ние многу добро ги знаеме копенхашките критериуми и тврдам дека Македонија е најподготвениот кандидат во историјата на ЕУ, која во моментот започнува преговори, додаде Пендаровски пред почетокот на конференцијата „Крсте Мисирков и македонскиот јазик – извор на научни истражувања“ во одговор на прашање.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK