Унапредувањата за вработените во Универзална сала биле донесени од претходниот директор

Унапредувањата-за-вработените-во-Универзална-сала-биле-донесени-од-претходниот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Директорот на Универзална сала, Горјан Христовски вели дека одлуката за унапредување на одредени вработени била донесена од претходниот директор, Филип Аврамчев. Неговата изјава следи по вчерашната расправа на седницата на Советот на Град Скопје, а на која дел од советниците реагираа на барањата за унапредување.


„Со започнување на реконструкцијата на ЈУ Универзална сала-Скопје во месец јуни 2021 година, а согласно претходно спроведена Функционална анализа и усвоен Правилник за систематизација на работните места во ЈУ Универзална сала-Скопје со број 02-200/2 од 18.09.2020 год., усвоен од страна на Министерство за информатичко општество и администрација (МИОА),со Согласност бр.12/6-3183/4 од 22.09.2020 год., се изврши реорганизација во процесот на работење на установата. Поради ова тогашниот Директор на установата Филип Аврамчев донесе Решенија за распоредување на работни места на дел од вработените“ вели Христовски во дописот до медиумите.

Распоредувањата на вработените, како што додава, се извршени согласно горенаведената Систематизација, како и со исполнување на општите и посебните услови кои ги предвидува истата.

Иначу, меѓу барањата за унапредување се домаќинот како и хаусмајсторот, хигиеничарот и возачот, да бидат унапредени во сценски работници и тон-мајстори.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK